бидејќи (сврз.) - јас (зам.)

Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мисли, бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи јас, во договор со адвокатот, бев решен да не скријам ништо од тоа, немав намера да ја осудувам за истата постапка Ема, доколку таа решила да го прави тоа, но сепак, попусто обидувајќи се, без јасно сознание зошто тогаш имав потреба да ја следам бледата неонска светлина што се шеташе по масата и по папката со материјали од досието “НиЕ”, се прашував: од каде таа решеност двајцата да бидеме докрај отворени, која е целта на таа наша согласност, ако е точна мојата претпоставка за таквата согласност, и: во чиј интерес е сето тоа?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И да нема забуна: си ја носам гордо таа пругаста униформа, бидејќи јас тој лицемерен суд ниту го фермам ниту го признавам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Добро дечиња, - рече, - тогаш ќе си бидете гладни, бидејќи јас денеска ништо не уловив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бидејќи јас не се осмелував да се поместам, таа го фати со едната рака за ременот околу вратот, и со другата почна да го чеша зад ушите, сѐ така говорејќи му дека бил добар пес, убав пес.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се сеќавам, имав 18 или 19 години, и работев како висок проценувач во една електротехничка фирма: барањата за процена пристигнуваа, а бидејќи јас бев мрзелив, ги ставав на куп на еден стол, сè додека не се создадеше едно големо ѓубре од акти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Самата ни раскажуваше – бидејќи јас бев убава девојка, дедо ти Тасе испраќаше повеќепати стројници и најодзади моите ме свршија за него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бидејќи со законот на нашата земја е забрането да се открива тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Братот се сврте. – Ова? – праша. – Да. – Жалам, но тоа не можам никому да му го кажам. – О, сигурно ви забранил отец Ксавиер? – Не. – Па, тогаш би можеле да ми го доверите тоа, бидејќи јас неодамна ги слушав проповедите на отец Ксавиер и станав еден од вашите верници, како што можете да видите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)