бидејќи (сврз.) - секој (зам.)

Ги видоа тројцата луѓе под леските, но никакво подозрение не зедоа, бидејќи секој ден имаше пазарџии што си почиваа под сенките крај водата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така Хантингтон ја гледа иднината како судир на повеќе различни цивилизации (според него, тоа се Западната, Православната, Исламската, Латиноамериканската, Африканската, Конфучијанската, Будистичката, Хинду и Јапонската).9 Идните судири и борбата за превласт, по негово мислење, нема да се водат помеѓу одредени држави или етнички групи, туку помеѓу одредени култури (бидејќи секоја цивилизација е носител на одредена специфична култура).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира, расистите, ксенофобите и националистите секогаш ќе ѝ се противат на меѓукултурната комуникација, бидејќи секоја средба со „другиот” потенцијално ги загрозува нивните идеали (на свет, држава, нација коишто се автоматски „подобри од другите”, „постари”, „похрабри”, покултурни, итн. - да се сетиме само на „паролата”: „Срби, народ најстар”).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оттаму некој речник на таканаречените синоними може да го даде совршен како синоним за идеален или возило како синоним за превоз но во никој случај не може да се каже дека постои комплетна еквивалентност, бидејќи секоја единица во себе содржи множество од непреносливи асоцијации и конотации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овде не можам накусо да ги синтетизирам „Експликациите“ на различните уметнички постапки на Дишан по „Големото стакло“, на кои ме наведоа овие кодекси, бидејќи секоја од нив бараше поподробно излагање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи секоја од трите супер-држави е неосвоива, секоја од нив е практично засебен универзум, во кој речиси секакво искривоколчување на мислата може да биде безбедно практикувано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секако, постојаните соработници не можат да се измамат толку лесно, бидејќи секое Акерман-писмо за некој стар коресподент е лесно препо­знатливо без оглед како е потпишано.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еве, земајќи го „примерот на една рака во движење”, тој пишува: „Бидејќи секој континуиран квантитет е делив до бесконечност, движењето на окото кое ја гледа раката и се движи од а кон б, минува низ просторот аб кој исто така е континуиран квантитет и, според тоа, делив до бесконечност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
•Во книгата која ви ја посветија Вам, Ерик Ромер и Клод Шаброл говорат дека Вашата прва идеја била од Опседнат да направите многу пооткачен филм; на пример, директорот на клиниката требало на табанот да го има истетовирано Христовото распетие, за да го гази на секој чекор, бидејќи тој бил голем покровител на црните миси, итн...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како да сум во опачината од просториите на ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа сфатив дека всушност станува збор за делови на лавиринт, бидејќи секоја патека завршуваше со ѕид што не го разурнува ни најсилната желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Задачата на социологијата денес е да ја подрива извесноста, бидејќи секоја извесност ги исклучува другите опции.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се сложувам со Валтер Бењамин дека историјата е гробиште на можностите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јасно и разбирливо е затоа што е кодифицирано во бројки и бидејќи секоја поединечна бројка е одвоена од секоја друга бројка со некој интервал.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа е нејзиниот прв потег: гледам во нејзината мила насмевка, во задоволството на иронијата, во играта, во фигурите што се вистински слонови и други животинки, мајмуни, војници, коњи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
25. Не се заколнувај, бидејќи секоја заклетва е претерување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
26. Спротивстави му се на злото, но без страв и без гнев.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На оној што ќе те удри по десниот образ, можеш да му го свртиш и другиот, доколку на тоа не те наведува стравот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
27. Не зборувам ни за одмазди ни за простувања; заборавот е единствена одмазда и единствено простување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)