бидејќи (сврз.) - никој (зам.)

И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Америка беше кратко време и повремено забораваше дека не е веќе во Англија и тогаш задолжително преминуваше на погрешната страна од улицата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А постоеше и уште еден проблем - секогаш кога ќе застаневме, застануваше и комбето, мислам, буквално застануваше и никако не можевме да го придвижиме повторно, бидејќи никој не знаеше ништо за автомобилите и останатото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Александар еднаш беше во една од нив за да направи репортажа за брошура што секретаријатот ја печатеше. – Во текстот не обраќај внимание на пијаните ветерани кои во групи пијат ракија пред испустените куќи, неискосената трева и откорнатата дограма, бидејќи никој не ја фаќа да ја поправи, Тодор го посоветува Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
БАБА АНЧА: Кај Илија за да стане таа работа, треба да се исчисти куќата, бидејќи никој не седи, а тоа можеби некому ќе му падне в очи и...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако пак е без тоа се погрчи, нема да ни биде од голема штета, бидејќи никој не му дава жена и нема да остави гркоманчиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така сето ова го работев во тајност, бидејќи никој од шефовите на студиото немаше поим за Шифтановата постапка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сфатив како за моето дело може да се каже дека успеало, бидејќи никој не можеше да види и чуе што правев, но тоа беше еден вид општествен настан не... (лентата овде се прекинува)  Б: Кога било тоа?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но не смееш да стоиш отстрана, бидејќи никој не се спасил стоејќи издвоен од туѓите несреќи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Покрај Марија и мене, во групата беа Кармен Кријадо, уредничка во издавачката куќа Алијанса добра пријателка на Борхес и Марија, Жан Пјер Верне, француски научник кој блиско соработуваше со Борхес на подготовките за француското издание на неговите собрани дела во „Плеада“ кај Галимар, и Ектор Бјанчиоти, Аргентинец кој живее во Париз и работи за Галимар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден ден заедно на Пленпале да ѝ помогнеме на Марија да го избере местото за Борхесовиот гроб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни беа покажани неколку слободни места во различни делови на малите гробишта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи никој од семејството не беше присутен, ѝ станавме замена за семејството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)