ами (сврз.) - и (сврз.)

Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сповојницата не е смотра само за домаќинките каде што се прави таа, ами и за самите сповојничарки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа „влезе ли свадба — држ' не пуштај", мислеше не само Пушмарко, Баба, Јашмакот, ами и Пане ситничарот, Милан куменџијата, Рампо чешларот и други чаршиузлии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По божиќниот распуст даскалот Бино го испраша Крстета од аз до ижица и се покажа дека овој шебек ја знае целата азбука, го испраша по сметање не само до дваесет ами и педесет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок“, на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие од Македонците што добија образование во Бугарија ја зедоа иницијативата за ослободување и тие досега ја играа, може да се рече, не само главната, ами и исклучителната улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интелигенцијата не само на другите македонски народности, ами и на самите Македонски Словени беше без учество во управата на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таков случај секој ќе беше свесен оти не само Македонците, ами и Бугарите од Бугарија и од Тракија прават еднаква со нив отстапка во полза на центарот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тврда е земјата не само затоа што ја бијат авиони и топови, ами и затоа што ја бие и човековата несреќа и пизма...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
МАРА: Еее... и убавини, ами и гајлиња, господ оставил за луѓето.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега сум затворен не само по природа ами и по закон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)