ами (сврз.) - од (предл.)

Шишман сам додаде: - Знам. Од мака. - Од мака ами од што.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е арно не се како нас, ами од кај ме познаваат мало големо во куќава шо се?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Една ме има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Познаниците прилепчани направија постапки и Бино стана даскал во своето село, плаќан сега не од родителите на учениците, како што беше дотогаш Чало во Витолишча, Петко во Бешишта и други, ами од „народната каса", т. е. од Егзархијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Клепалото биеше, не од камбанарија, ами од врвот на еден искастрен бор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)