ако (сврз.) - случајно (прил.)

Кога ги собираше трошките од чаршафот, трчаше по него забележувајќи му ако случајно некоја паднала на подот или пак, недајбоже, катастрофален инцидент, ако го извалкал чаршафот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И ако случајно нешто го натерало да се премисли, не можел веќе назад, веќе сите знаеја, сите ја чекаа таа смрт.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За која партија ќе гласаа Хунзите Ако случајно се затекнеа во Македонија За време на изборите со оглед на тоа Што во меѓувреме ја примиле исламската вероисповед?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тука, кабает се возачите. Отвараат очи петбанки зашто ако случајно пипнат некој пешак – им сиба мајката.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ѓорѓија се збуни и ја праша, - а топло чоколадо?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)