ако (сврз.) - најде (гл.)

Удри ако најдеш место неудрено, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако најдеме пчела работница, лесно е да ѝ го најдеме легалото и саќето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А Огнен Ѓорго ни рече: - Немојте нешто да земете, ако најдете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)