а (сврз.) - откако (сврз.)

Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги менуваше белите свилени кошули секој ден, а откако во него се всели неумоливата гушителка – туберкулозата, по три на ден.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ами каде тоа пред тебе, човеку? - Ајде, ајде, тргнувај.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејзиното око не погледна на друг маж откако Крсто си замина за Америка и ниту на еден маж таа не му дозволи да го допре нејзиното тело.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дува во шепата, а откако го издувува чекласот, со растреперени прсти го чисти глотежот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А откако го остави на масата тасот со леблебија и бадеми, шепотејќи се потруди да објасни: - Самоников денес е љубоморен, завислив и малку поднапиен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпрвин по малку, од жештинава се ошеметени, а откако ќе се соземат добиваат втора порција, па листенцата се поткреваат, цветовите живнуваат, жолти - како мали сонца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тие што се спасија се преселија многу на исток А откако имаа деца и нив ги поведоа на исток Зашто оттаму доаѓаше знак дека уште натаму е сонцето.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
А откако остана несама Уља, скрпивме уште едно куќарче крај плевната. И цело село ни помогна, што е право.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)