а (сврз.) - камоли (сврз.)

Тој би требал да биде прогласен за тапа на годината, а не јас!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па со кози и на орање не се оди, како што вели народот, а камоли во бескласното општество, во комунизмот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ќе стасаш, - ми вели и како божем ми кажува што сака, ама јас не знам ни што ми кажува а камоли што сака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но не се приближив, а камоли да го пофатам моето мртво дело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тешко беше и брат со брат да се договорат за поделба на нива, а камоли 2 миљона терсене луѓе да ги дотераш у ред.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Па вие не заслужуете ни Милка чоколадо да ви даде чоек, а камоли држава...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А камоли кога си сам. Сам и мал. Неојакнат, незакрепен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никако да ни тргне од рака таа тешка и мачна работа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Душата на отец Пелазгиј навистина беше слаба и не веруваше во самата себеси, а камоли во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Втренчено гледав и не можев ни плувачката да си ја проголтам, а камоли нешто да сторам, да изустам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Раката потклекна, и сфатив дека не можам да убијам ни од сочувство, а камоли од омраза!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ех, ништо, му велам јас, ништо не можеш да донесеш ни на раце, во најлонче, а камоли со трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А камоли засекогаш да дојде да живее тука кај нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Исто така беше сигурен дека таа никогаш повеќе нема да сака ни да се сретне со нив. А камоли да живее во исто семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа случување не можеше никако инаку да си го објасни освен да го дефинира како кучешки посмртен ритуал за каков што дотогаш не ни чул, а камоли да го видел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој на Бошка му изназборе толку, што овој ни глава не можеше да крене, а камоли да си ја каже маката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Без ближен човек и среќата не ти е ближна, а камоли несреќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Му реков дека пред носот германската колона требаше да ни помине, а местото беше такво што можеа и мравките да се видат а камоли ние.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се плашам да погледнам надолу, во водата, а камоли да скокнам и да пливам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како може некому воопшто да не му е чудно, а камоли смешно, кога ќе му кажеш дека твоето име е име на дрво?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)