а (сврз.) - ако (сврз.)

Сѐ што моите очи ќе здогледаа се претвораше во нешто заканувачко: калта, дамките, изгорениците, а ако не во такво нешто, тогаш во играчки од непоправливи метални делови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А ако загинам, нека ѝ е простено од мене, нека се омажи!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Во случај на криза на бракот љубовта се претвора у психологија, филозофија и секако познавање јазик, а ако искочи некој швалер или швалерка у бракот, тогаш љубовта ти прераснуе у дипломатија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат! Ќе раскажам што знам за сѐ.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А ако си смислила да го немаш филџанов да го ставам в џеб. (Сите се смеат.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Плати баждар па влези. - А ако не платам?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ако не е тој? го прашуваше неуверливо и расеано општинскиот писар; голема паларија на тркалестата глава величествено го разубавуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А ако е така, ако гласовите поважни од зборот се, зошто ти ми го одзеде името, а не само некој глас од името мое, пречесен господару?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турција ќе вели оти таа сѐ што може да направи ќе направи и направила, а повеќе не можела да направи затоа што комитетите не му даваат на населението да се успокои, а во една земја каде што сѐ е во воена состојба сите добри намери на владата се рушат од спротивставувањето на немирното население; а ако воената состојба се продолжи повеќе од една година, реформите ќе застарат по наша вина и ќе се закопаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако се испразни од Македонија името Србин, тогаш ќе остане за Македонците само името Бугарин што беше политички и етнографски термин уште до турското завојување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе да сркаат грав. А ако сркаат повеќе грав, пак ги удираш по рака: - Јадете и од лебот, ќе им велам, што сте се навртиле само на гравот, ќе им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако прашаш треба и да кажеш, а ако кажеш сите те пцујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако се доразболат овдека, ќе умрам од мака дека не сум отишла. За никаде не сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако ги пуштиш, не треба само да ги огрееш, туку и нешто да им дадеш. Некое зрно или некоја трошка да им принесеш на дланката. 75
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако сакат да тепаат и разбуден да го најдат, зашто спаваш, ќе му речат и пак ќе го натепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако крадецот имал друга тртка под гаќите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се свиткува в клопче и пушта отров што допира до мозокот. Тртката била такво едно место. - Абдалак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што, што! Зар само твоите. Моите донесоа граѓа, а ако не ми беа браќата за да ја изѕидаат, уште ќе бевме во старана колиба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и оваа крава? – Само ако ви одговара, веднаш ќе ви ја дадам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток како да беше изненаден од сериозноста со која зборуваше братот. – А ако не погодам?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Тебе, скоте, во подрумот, - излудуваше, - во подрумот, арамијо! А ако се осмелите некако и го прашате што сте му украле, тој тогаш без збор ве загледува со еден таков страшен, ужасен поглед што е потежок од секоја казна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зборуваше полека, милозвучно, не го повторуваше истото, а ако се случеше тоа - го менуваше редоследот на зборовите за да ти е интересно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Отец Симеон се насмевнува. А ако сум јас таа порота? Ако сум јас, што тогаш?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Би сакал да ве поканам на една прошетка, а ако сакате можи да седниме некаде на ручек, со оглед на тоа дека имате пауза за ручек.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А ако е потребно да се преуреди сеќавањето, или да се преиначат пишаните документи, тогаш е неопходно и да се заборави дека тоа било направено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако признаам јас, тие ќе те стрелаат тебе, а ако одбијам да признаам, тие сѐ едно ќе те стрелаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сакаш да проговориш некој лав со човекот, проговори човечки, а ако не — нека стане, нека си оди откај што дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ќе му се јавиш, а?“ „Тоа не е твоја работа“. „А ако бројот е моја работа?“ ја праша Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто го спомнувам токму овде овој дамнешен совет од животниот филм на тетка Боса?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постапив според една поука од детството: Ако не сакаш да го видиш ѓаволот затвори ги очите; а ако не сакаш ни да го слушнеш затвори ги и ушите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А ако е доцна? Леле, не дај боже, кој би му излегол пред очи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А ако ме фатат може сѐ да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ако ми ја пресечат ногата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да се излезе од границите на креветот само во случај на елементарна непогода (а ако е веќе излегување, нека заврши со невраќање).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- А ако не? Тогаш што? - подсмешливо праша астиномот и посилно удри со камшикот по дланката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А ако те пратам на прва линија! Расони се и слушај ја наредбата. Ме слушаш?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На тоа дедо ми му одговори вака: - Едно рулче магарето на Петрета не го претоварува, а ако претка таму, Петре ќе знае да му го сврти умот да му оди таму каде што треба да му оди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беличот заклати глава: – А не, ако може обајцата, а ако не – ни еден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А ако сакате, - рече, - можеме да си играме заедно. - Можеме, - рекоа децата. И си заиграа заедно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)