а (сврз.) - повеќе (прил.)

Особено оние што имаа по едно девојче, а повеќе волничка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знам оти беше едно време во Солун, та секако научи баре толку, а повеќе не ти ни требе за сега Бино ги погледна жолтиците со лаком поглед, a Димо сети како да успеа и го покани да влезат во анот на дедот Налета, којшто беше касиер на грчката организација за Мариово, бидејќи и тој беше мариовец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турција ќе вели оти таа сѐ што може да направи ќе направи и направила, а повеќе не можела да направи затоа што комитетите не му даваат на населението да се успокои, а во една земја каде што сѐ е во воена состојба сите добри намери на владата се рушат од спротивставувањето на немирното население; а ако воената состојба се продолжи повеќе од една година, реформите ќе застарат по наша вина и ќе се закопаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последниве, напротив, ништо не ни зборуваат за Бугарите, а повеќе за српското име во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да! Сега ти пречи, а кога спиеше, а повеќе кога не спиеше на тој кревет, не ти пречеше, - се пошегува Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакаш – не сакаш и по тамина ќе зборуваш, зашто малку од она што го кажувам е по видено а повеќе по чуено, по начуено и по тоа како што може човек да си мисли...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Е, после чув и од која куќа бил и што имаат. А повеќе чув што немаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)