а (сврз.) - еднаш (прил.)

Еднаш ми иде да им ги расцепам главите, а еднаш ми паѓа жал за Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше есен, а јас му реков: „Нашите сенки можат да се допираат дури и ако ние не се допреме.“ И нашите сенки си играа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш кажуваш дека е опасна, а еднаш полезна! Како да го сфатам ова? – се побуни Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А еднаш, кога можеше да се обѕрне, тој ја откри и целата шума околу себе, која на некаков чуден начин продолжуваше за сето време да се движи околу него, едвај осетно залелкана и во едно бавно, но постојано одминување. Најпосле се најде и себе си, сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А еднаш ми откажа. На самоти остриот свиок на угорнината пред Ќафасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)