а (сврз.) - денеска (прил.)

— Како си, Небеска? — Вчера ми беше лошо, а денеска уште полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рамковни браќа повторно кочат грбови сечат, судови молчат зошто ми иде да плачам ко дете од планина слезе, а денеска шеф е О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)