а (сврз.) - силен (прид.)

Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги водеше Михајло, едно кусо маже, а силно и секогаш напрегнато, способно секому да се врекне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ворхол исто така и во својата ликовна работа ги подржуваше типичните грешки на медиумот (расипувањето како креација).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)