а (сврз.) - присутен (прид.)

Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Барам да го водите а присутните ги молам за сведоци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
187 Ангелеска против Млекарница Спор за неисплатени плати и отпремнини1 Laboriosi segnibus, praesentes absentibus praeferentur (C.Th. – 1,9,3) Вредните да имаат предност пред мрзливите, а присутните пред отсутните!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Грозна смеа Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч изречи ја славно на смртниците поругата, подбивот и јамбот, отровниот рев шегата пој ја на раѓањето и смртта маската, порокот и гревот опиши го, Вечна, на киклопот кикотот кркорот на крвта во обрач од стих завиено и сласно растури го кругот, барутот, чаурата со метар, а безмерно смерно во речта магично обратена,17со очи на тилот во стар образ, а со друга вера - кој прв спомна на Бога Име небаре ќе го снема ако не има во времето знак да биде освен вера, завера освен пат и бездна отсутен а присутен по севезден ѕвезден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ова засрамувачко и нелогично решение Судот го донесе со мнозинство гласови на судиите, во состав: д-р Трендафил Ивановски (претседател кој подоцна беше „лустриран“), д-р Наташа Габер – Дамјановска, д-р Зоран Сулејманов, д-р Гзиме Старова, Игор Спировски, Лилјана Ингилизова – Ристова, Исмаил Дарлишта, Вера Маркова и Бранко Наумовски (кој подоцна стана претседател на Судот).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)