а (сврз.) - нов (прид.)

Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одвреме-навреме поплавите ќе однесат по некој мост, а нови не се градат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повторно е пред нас таа игра позната а нова што не исполнува пак со дамнешни и незнајни возбуди.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како да беше речено дека не може двапати да се вратите во едно исто минато.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некогашниот здрав пат беше покриен од езерото, а новиот, сечен вдолж од багери, оди по мевот на сувиот рид, сув, само по некоја дива круша.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А новата епоха ни налага нам нова потреба – културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Компирот им го дадов на кравите. Проникна. А нов уште не сум вадел. Оди, донеси што ќе донесеш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)