а (сврз.) - некој (имн.)

Едни држеа говори, други командуваа, а некои само ќе се занишаат и ќе паднат ко клада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па слушам тропање на врата. Овој уште стои обесен на пенџерето, а некој тропа на вратата. Значи - не е сам, значи не идат од мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
24. МАЧКА СО ЅВОНЕЦ НЕ ФАЌА ГЛУШЕЦ - а некои со тапан по зајак јурат, овој, пак, нели и брзоног и ушест, свирката ја слуша, ситно оро игра, дејгиди ура, ура!... реката песок носела морето да го полни!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Необичната врева што настана го разбуди малиот Мартина исто како кога замислено одите некаде, а некој одеднаш ве тупне по рамото одзади.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се качуваме ־. ајде, ајде, а некој зад мене гласно си зборува: - Цел живот одев по трагата на бога, вели, а бога никаде не го најдов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се врати замаен, а некој ќе му рече: Пак си дошол наврнат, ама ќе биде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пирејот е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)