а (сврз.) - девојка (имн.)

Тогаш се проштава таа со својот роднина, за кого ѝ е жал и плаче, и му го фрла дарот на рамо, подарен од зетот, а девојките ја пеат песната: „Мила ми мила — таткова рода".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поминаа пет минути по договореното време, а девојката сѐ уште ја немаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стигна малку порано. Немаше никакви проблеми по патот, а девојката беше толку очигледно искусна што беше по малку исплашен отколку што би било нормално.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А терзиите ѝ одговараат: Ти девојче, мало ѓаволче, Ти да ни месиш погача; Без сито брашно да исееш; Без вода да ја замесиш; Без оган да ја испечеш. А девојката одговара: Терзии, браќа терзии, Погача ја ќе ви месам; Низ трепки брашно ќе исеам; Со солзи ќе ја замесам; На гради ќе ја испечам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тешкиот златен прстен на раката на човекот со лузна блесна низ воздухот, ударот пукна, а девојката за малку ќе паднеше на подот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шокиран речиси исто колку и неа, тој малку потстана од местото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И дознавме дека жената на Ристо Коларов се развела под притисок, а девојката Теменуга се откажала од Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар е тоа судбина: мажите да се школуваат, а девојките да се жртвуваат?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)