а (сврз.) - Бугарин (имн.)

А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И го потерале Мирчета да го праша зошто не јаде, да не е нешто болен, вели, и Мирче го прашал, а Бугаринот рекол: ״Секое англиско јадење за мене е отров, и додека Бугарија страда и јас нека страдам.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станицата ја подигнаа, кога ја правеа линијата, Србите и Французите и ја нарекоа, според околното поле и во слава на српските војници паднати овдека во бојот со Турците во 1912 година, Бакарно Гумно, а Бугарите, во последната Голема војна, ја прекрстија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- И што? - Па била борба, разбираш. Нашите почивале на полјанката под Чукарот, а Бугарите од зад Чукарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)