а (сврз.) - оваа (зам.)

Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Неговата партија не беше на власт, а оваа новата решила да се пресмета со криминалот на неистомислениците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А оваа сала со своите педесетина вработени беше само една потсекција, речиси обична ќелија, на огромната комплексност на Одделот за документација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Јас сум Рада. Од Македонија сум. Поточно од Куманово, а оваа прекрасна госпоѓа е мојата тетка, - самата се претстави Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе дознаат таткоми и мајка ми, тешко мене!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе биде голема беља – си помислив. Јас од моите скрив, го послушав брат ми, а оваа Снеже, глупавата, сѐ им раскажала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
22.  До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А оваа тврдина беше токму таков споменик на паднатите империи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А оваа бунда е речиси нова! – Си ја вардев како очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)