љубезно (прил.) - го (зам.)

Така еден ден додека ги врамувавме Мерлинките, Марк забележи дека го смета Џерард за премногу “комплициран”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Енди едноставно сака луѓето да се судруваат и да стануваат љубоморни едни на други, а тогаш тој ги тера да трачарат за спротивната страна“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На разделување Борис љубезно го покани Толета: — Ајде, брат Толе, да те водиме во Бугарија, да се одмориш малку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку да не се мирисаа Ѓорче, Пере и Петре со Бориса, Гарванов и Тренков, положбата во која се најдуваа им наложуваше да се помагаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По одлепувањето од лизгавата писта (веќе неколку дена истураше) стујардесата љубезно го понуди со храна ама тој одби - каква среќа имаше сигурно на сред пат сигурно ќе го фатеше стомак.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ако некој во градот има примерок од таа книгичка ("У теби више од тебе", со Пикасо на кориците) љубезно го молиме да ни ја позајми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Благодарам колега, среќен празник и среќен ви пат, - и љубезно го поздрави на заминување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Трајчета љубезно го пречека една старица: - Добро ми дојде, синко?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)