јасно (прил.) - изразен (прид.)

Кристијан Вајт: класично поп-лице со јасно изразени пеачки мускули и остри јагодици.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ЛЕНА - Држечка старица со јасно изразени нобл манири која на извесен начин делува одбивно. Во основа благородна.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Најпосле, истиот збор му одговара и на оној трепет на душата кога се соочува со вистината на љубовта толку јасно изразена во германската изрека: „Liebe ist Heimweh“ (Љубовта е копнеж по родното место, носталгија).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се разбира, едно е што ќе помислиш а друго како ќе ја изразиш непромисленоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа го толкувам како последица на она јасно изразено присуство на детски склоности во мојот карактер.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можат да замислат успешен писател, творец, а да е без јасно изразена љубов кон одредена политичка партија, то ест кон таа што лиферува најмногу луѓе во извршната и законодавната власт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
(“Светите бои” во “Арабеските”) малку физика, малку метафизика Постои строго определена и сосем јасно изразена тенденција кај индоевропските (и не само индоевропските) народи, за свети бои да ги одбираат токму оние бои, чијашто бранова должина - не ја надминува брановата должина на зелената светлина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)