јасно (прил.) - ми (зам.)

Јасно ми е дека овие луѓе не поднесуваат критика. Чуму да им се обратам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека во чудо се враќам назад, чичко Славе ми објаснува дека не работи без дијагноза од доктор и дека е задолжително да се донесе лекарска белешка, а кога го прашав како ја чита, тој се смешка: „Ааа... хммм.. а-хаааа... дообро, добро, јасно ми е сѐ“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откако ќе нè заробеа, нè врзуваа со јажиња за чкрипавите, осакатени, но сè уште цврсти врати од камионот, секоја нога и рака поодделно (чин во кој победничките Апачи очигледно уживаа!).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јасно ми е со какво негодување ќе се однесат мнозина кон овој мој предлог.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, како и тогаш и сега, се лажеш себеси. Јасно ми е како ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Не знам“, ми рече. „Нешто што е посилно од мене сѐ повеќе ме изменува. јасно ми е кој сум, не сфаќам само како сум. На оваа почва сум пресаден не знам по колку осеменувања и овде сум никнат, сроден со оваа земја и ова небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Основната противречност што отворено и јасно ми се наложуваше во скорешната мисија, како писател во театарската делегација беше: како да се избегне да се избере драма со утилитарна соц-реалистичка ориентација која сигурно не би имала успех на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)