јасно (прил.) - им (зам.)

Немаа некакво политичко искуство, а не беа нешто посебно и образовани, но повеќето од нив имаа здрава селска памет која јасно им зборуваше дека владеењето на Стојан не ја води земјата во добар правец.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јасно им беше: светот се изопачуваше, беснееше од ситост и задоволство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно им е дека Марија си дошла за подолго време. Можеби и засекогаш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)