јасно (прил.) - бев (гл.)

Но јасно беше, исто така, дека зголемувањето на богатството се заканува со уништување - и во извесна смисла навистина беше уништено - на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јасно беше, тој мислеше дека лесно ќе ја заведе и се кривеше во лицето напрегајќи се да се допадне. Смешно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно беше. „На зајак. Избега“, се сети. Да, јасно беше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Занесен во редењето на разнобојните камчиња, од кои, јасно беше, нема да излезе ништо зашто многу недостасуваа, доктор Коста и не го забележа Денко кој зазбивтан стоеше крај него. - Тато!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клинците ми ја yиркаа чинијата, ми фрлаа злосторнички погледи, се водеше борба, јасно беше...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Да не предизвикаше скандал мојон предмет Како да се биде геј и да не предизвикуваше нови скандали, веројатно никогаш немаше да се натерам да ја напишам книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно ќе си го предавав предметот, ќе си ги користев расправите за да ги истражуваме средишните прашања за машкиот геј-субјективитет кои ме збунуваа, ќе ми доаѓаа разни идеи, хипотези и решенија, ќе ги обработував со една генерација студенти, па одвреме-навреме, кога ќе ме заблеснеа мигови на просветлување, ќе си објавував огледи на таа тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, штом толку се озлогласи предметот, јасно беше дека тука ќе мора да правам многу повеќе за да го оправдам целиот проект – да се зафатам со темата на некој издржан, макар и делумен, начин и да дојдам до некои вистински одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Важно е да се каже и тоа дека, за прв пат, јасно беше пропишана обврската на работодавачот да ги истакне правилата за работниот ред и дисциплина на видно место, во работните просто- рии на претпријатието, како и да ги достави до синдикатот (чл. 81, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А и оној, другион, во кој јасно беше спомнато нејзиното име заедно со името на Вртанов?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)