јавно (прил.) - информира (имн.)

Со дополнителните измени на чл. 22 и новововедениот ст. 2 од истиот ЗИД се укажа на обврската обезбедувањето на потребата од работници преку јавен оглас задолжитено да се врши со претходно внесување на јавниот оглас во електронскиот систем на АВРМ пред неговото објавување во дневниот печат или во другите средства за јавно информирање печатени или електронски на товар на работодавачот (чл. 3 од ЗИДЗРО/јул.14); в) Измени претрпе и чл. 23 кој го регулира објавувањето на слободни работни места, на кој со новововедените пет става дојде најпрво до регулирање на максималниот временски рок во кој работодавачот може да изврши избор во зависност од вкупниот број на кандидати кои се пријавиле на јавниот оглас за едно работно место и тоа: (1) во рок од 45 дена за пријавени до 200 кандидати; (2) во рок од 90 дена за пријавени 201-500 кандидати и (3) во рок од 120 дена за над 500 пријавени кандидати.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Јавното о обвинителство се организира според принципите на хиерархија и субординација, согласно со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Функцијата на јавното обвинителство ја вршат јавни­ т обвинител на РМ и јавните обвинители (чл. 4, ЗЈО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Такви собири биле одржани во: Чикаго, Сент Пол, Милвоки, Детроит, Балтимор, Канзас Сити, Кливленд, Њујорк Сити, Лакована, Сан Франциско и во др. места.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јавниот обвинител на РМ, вишиот јавен обвинител, основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал корупција и основ- ниот јавен обвинител или од нив овластени лица – на јавноста и на средствата за јавно информирање им обезбедуваат пристап до информациите за состојбата на криминалитетот и други прашања од општо значење од работењето на јавното обвинителство, под услови пропишани со закон (чл. 8, ЗЈО). 5.  Тужител во кривична постапка е јавниот обвинител и/или приватниот тужител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таквата активност била будно следена и од средствата за јавно информирање, кои на своите страници ѝ посветувале големо внимание на оваа активност на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)