широко (прил.) - раширен (прид.)

Останатите шест девојки користеа пиш-пауза во густежот високи треви крај мотелот, се довикуваа и се смееја со гласови кои се мешаа со крекањето на жабите од блиската бара, чекајќи го знакот на Авни за враќање во комбето, додека тој, потпрен на задното седиште, со широко раширени раце и нозе, опуштен во рамениците и лицето, со сласт што му кружеше на површината од стомакот како облак пеперуги, ја полнеше устата на Дора, која малку потоа му се заблагодари со развлечено Мерси, забришувајќи си ја муцката со ракавот на вентијагата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа, кога Лилица со мекам влечејќи се по чаршафот се тргна, седна на креветот и ја зеде главата на својата пријателка меѓу своите широко раширени нозе, за да може Андон да ѝ го направи истото и нејзе, Азра многу брзо почувствува како и се враќа нешто одвнатре, нагоре, по грлото, до устата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Моќните птици, со широко раширени крила, кружеа над врвот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гоше двогледот го употребуваше два пати на ден и тоа секогаш застанат отпростум, со широко раширени нозе, со високо кренати лакти во линија на ушите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ласте го фати под рака Гошета, го повлече надвор од аптеката, направи еден чекор на лево, пред излогот и, покажувајќи на асортиманот со широко раширени раце, речиси му шепна: “Шо ги ебам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)