широко (прил.) - чело (имн.)

Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Средбата беше срдечна. Незаборавна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги немаше ни врз неговото широко чело.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Лакхдар беше висок, со тенка става, широко чело, бујна кадрава коса.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Старица со строг израз, со широко чело, црни веѓи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бил на младешка возраст, снажен, ставит, со широко чело, со бујни црни коси, со густи веѓи, и мустаќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)