чудно (прил.) - чувство (имн.)

И сега го порази едно чудно чувство дека тој е одамна тука, дека тој бил отсекогаш тука, покрај Франца и Рангела, и дека судбината му е неразделно вплетена и еднаква со судбината на овие луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше неверојатно како уште во моментот кога го запознав кај мене будеше некое чудно чувство на сожалување помешано со потреба да се грижам за него и да го милувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И со тој непостојан допир меѓу него, патријархот на Европа, и тој кинески роман, со тоа чудно чувство на сродност што го проникнало, со таа врска исткаена наспроти сите разлики, повторно се откри способноста на духот да се прелие преку границите на општеството и историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некое чудно чувство набабруваше во него, телото му е напнато, сè е затегнато во него, мислиш ќе се скине нешто, а нозете му потреперуваат, дишењето му е забрзано и шумно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам како да објаснам, тоа е едно чудно чувство, како кога имаш саксија со цвеќе на прозорецот од надворешната страна, а прозорецот е затворен и ти цвеќето го гледаш преку стаклото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Утрото, додека заедно со Иван слегуваме кон Бањи дружев со тоа смешно и по малку чудно чувство, дека уште сум во расправа со љубовните згоди што минатата ноќ сосема непотребно ме одалечуваа од сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар еднаш во животот се имаме самозалажувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За првпат во животот влегував во подморница! Беше тоа чудно чувство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ТАТКО* Имав четири години, бујна виткана коса, безобразно исплазен јазик и често се случуваше да се разбудам навечер со чудно чувство на страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тргнавме полека и со чудно чувство.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сега во душата ни трпкаше некакво чудно чувство, некаква необична и несекојдневна возбуденост, потсетувајќи нѐ за нешто невистинито и лажно, за нешто што одамна било и изминало ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Не знам зошто имам чудно чувство дека секој ден ми доаѓа судниот ден па се наежувам од уплав и морници ме полазуваат и се замрсувам како долг многу долг и излитен конец јазли полн, а трпение немам да го размрсам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)