чудно (прил.) - изгледа (гл.)

Сигурно тоа не смееше да се дозволи, о, колку ново, шарено, чудно изгледаше тоа неделно утро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Уште пред да ја затворам вратата од собата чув како Вера го праша тато: - Жената што ја сретнав на вратата, која пред малку излезе од кај нас, сигурно е некоја роднина што не ја познавам. Некако чудно изгледаше, страшно налутена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чудно изгледаше околу мене и уште не знаев зошто.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)