човечко (прил.) - битие (имн.)

Унијата, творба на бојазливост творба чија визија е мир во светот кога човештвото погледне со отворени очи, ќе ги слушне желбите и ќе ги види, квалитетот и капацитетот што извира од хуманото човечко битие, зборови без резултати, тоа се празни фрази...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Радувајќи му се на своето приближување до Учителот, преку напуштањето на своето слабо смртно тело што со години го измачуваше, сепак со едно делче на своето човечко битие тогаш се стресе од својата трансформација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Слично, во неговата повеќеаспектна претходна книга (1989) „Имераторовиот нов ум”, Roger Penrose ја разгледува Gödel-овата теорема и прави експлицитни претпоставки, дека секоја математичка вистина може да биде видена како вистина од човечко битие, доаѓајќи така до неизбежниот заклучок дека луѓето мора на некој начин да се неискажливо поспособни од компјутерите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега се отворени сексуалните видици за привлечност меѓу секое човечко битие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)