често (прил.) - пат (имн.)

Овој пристап активно ги ангажира индивидуите во разоткривањето на загатките коишто терапевтот не може да ги реши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога предавам за ваквиот начин на работа, следејќи го Брунер (1986), често пати им сугерирам на терапевтите да визуализираат аркада.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ваквите очајници не се спремни за големи игри, често пати нивната кариера завршува во морето на криминалот каде најчесто слугуваат како третокласни робови токму на оние идеи против кои во стартот на нивната мисија толку жестоко се бореле...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Често пати сакав тоа некако да ѝ го кажам, да го изразам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Често пати го обвинуваше него ако се случеше нешто на ова место, како на пример, ако пор или ракун фатеше пиле, а тоа можело да биде спречено од претпазливоста, или од надзорот на Тито.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Често пати кога ќе ги видам поклопените стрелки на часовникот, паѓам на суеверие дека во тој миг некој помислил на мене. Не е тоа суеверие, како пример за црните мачки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го расцепуваше снегот напред, често пати и со гневни чекори, знаејќи постојано дека никогаш уште еднаш никој не ќе може да смисли за него такви луѓе, со кои би можел помалку да разговара, од оние двајца назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Често пати неписмени или туку што описменети селани - се народните певци.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Често пати не го ни дочекуваа Дончо, со вревата во ушите од другите Егејци исто така наседнати пред влезовите на дрвени столчиња, бегаа внатре и се предаваа на заморот и сонот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)