често (прил.) - нѐ (зам.)

Како деца, ние, помалите, не можевме да разбереме зошто Татко често нѐ водеше на железничката станица без никогаш да патуваме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Морав да ја отпуштам Никол што навистина ми беше жал, но добри пријателки сме, таа ни беше како член на семејствово и сѐ уште често нѐ посетува.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)