често (прил.) - прави (гл.)

Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Самиот често правеше фотографии со еден НИКОН направен во осумдесет и некоја од минатиот век кој го имаше добиено како подарок од францускиот амбасадор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бугарската влада, иако често правела сериозни обиди тоа да го спречи, не секогаш имала успех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)