цврсто (прил.) - ќе (чест.)

Ќе ја истргнеше убаво ногата, да си дојде како што била, па ќе ја завиткаше со нешто меко, потоа ќе ги исправеше долж ногата штичките и цврсто ќе ги стегнеше со врвката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе им испеат ли песни за да останат низ песните во споменот на потомците или само камен поцврсто ќе заријат в земја или со кама и штик подлабоко ќе изрежат белег во стебло?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По првиот истрел, Бојан сфати дека цврсто ќе треба да ја држи пушката в раце, зашто не знаејќи дека при истрелот таа се затресува, Бојан лесно можеше да ја испушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, најпрво ќе морате да ми ветите дека цврсто ќе верувате во сè што ќе ви речам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)