цврсто (прил.) - по (предл.)

LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се надеваше дека со Татко му влегле во трага на балканското проклетство, задржано во најжилавите, тврдокорни османизми, длабоко вкоренети во балканските јазици и дека најпосле ќе успеат во нивната мисија да ги посочат зборовите виновници, за тие конечно да бидат принудени кај луѓето на конечен заборав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)