цврсто (прил.) - во (предл.)

(Го турнува. Нове стои цврсто во местото.) Ако изгубам, јас тебе златникот, ако изгубиш, ќе те гризнам за уво. Може?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Јас куртулив и овдека, а? — му потфрли зајадливо Шаќир на Јована, стискајќи ја манлихерката цврсто во двете раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама чантата ја држеше особено важно, стегната цврсто в рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Држејќи ја цврсто во своите прегратки, ја тргна од терасата и ја завлечка во една од собите, со сета сила ја легна и ја поклопи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тишината те плашела единствено кога си била во друштво со други.  В зори ќе се зари, озарено лицето на светлината а ти меланхолично ќе се обидеш да ги отстраниш флеките на Луната да се исправиш на нозе небаре го држиш цврсто во свои раце универзалното клатно на рамнотежата             небаре си нашла решение како да излезеш на крај со депримираноста  божем ја игнорираш и ѝ вртиш грб             ама и грбот има             очи !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се развиде убаво и кајмакамот се ослободи оти нема веќе да му куртулат комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Хичкок: „Во извесни случаи хепиенд не е потребен: ако публиката ја држите цврсто во рацете, таа ќе расудува според вас и ќе го прифати несреќниот крај, но под услов филмот да има доволно елементи што задоволуваат”. œœ Саботажа (Sabotage), 1936 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)