цврсто (прил.) - ги (зам.)

7. Во еден од жешките јулски денови, кога веќе сонцето беше на средината од својот пат, седеа во карпите над патот на Скала двајца луѓе под една наддадена стена во сенката и цврсто ги стискаа берданките, бришејќи си ја потта од набрчканите чела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Со ова уште еднаш на Светлана ѝ даде до знаење дека тој сѐ уште во домот цврсто ги држи дизгините во свои раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Загрозените цврсто ги затвориле портите, но и биле готови да се бранат со оружје и со било што друго со што располагале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главна кохезиона сила што цврсто ги поврзувала гемиџиите била нивната фанатична преданост кон своето дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Да, така некако – ѝ одговорив и се почувствував чудно задоволна и горда што имам родители со кои цврсто ги имаме поставено правилата на однесувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Цврсто ги затворив очите и ги стиснав ушите со дланки, за да не видам и да не чујам што натаму ќе се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така ми беше полесно и посигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па сепак, и тие во својата левантска острастеност претеруваа, брзо се палеа и потоа одеа до крајности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаевме дека одат кон железничката станица. Влеговме меѓу луѓето, тргнавме со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги гледав луѓето како цврсто ги стегаат торбите во рацете, некои од нив ги имаа опфатено со рацете, и ги имаа притиснато на градите, ги гушкаа цврсто како во нив да го имаа собрано сиот свој живот, и сега само се надеваа дека така зграпчен, така стегнат меѓу градите и рацете, ќе го сочуваат, ќе преживеат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во еден миг рацете, кои дотогаш цврсто ги стискаа држачите на столот, се олабавија, а главата полека се навали нанапред, како длабоко да се поклонува некому.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во џебот цврсто ги стегаше трите клуча од дуќаните, каде што замрзнто, под своето студенило, светеше златото преморено од чекањето, сакајќи да излезе низ темниот отвор со својот блесок да се прикачи на нечија рака.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, и покрај ваквото грдо претчувство сепак верував дека уздите на нивниот заеднички живот цврсто ги држи во рацете мојот пријател Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)