цврсто (прил.) - верува (гл.)

Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во освојувањето на светот најцврсто веруваат токму оние кои знаат дека тоа е невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цврсто веруваше дека еден ден тоа и ќе се случи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)