храбро (прил.) - го (зам.)

Сето тоа храбро го поднесуваше, одеше кај твојот пријател и колега Невен, кој многу ти помагаше околу примањето на инфузиите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По природа не сум храбар човек, не бев ниту храбро момче, ама филмот храбро го издржав.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Сега!“ реши Бојан, па го запре здивот, ја фати најблиската ѕверка на нишан и храбро го повлече чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислевте дека кај плодовите на овошките најпрвин корупката ќе се развие а дури потоа таа корупка се исполнува со сокови?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш, кога се крена нејасна врева против младиот директор на фабриката за женска конфекција Нетковски, кој во многу модели храбро го истакнуваше разголувањето, таа низ насмевка забележа: „А што очекувавте вие?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мислам дека младиот автор што го спомнувате нема втасано ни до уводниот дел на делото што храбро го најавува како веќе спакувана замисла - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во тоа беше моќта на талентот, - кутрото дете почнало сѐ одново, храбро го поднесува и најголемиот бол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Првин се колнеше во Сталина, а потем и во тие што храбро го истиснаа од свеста на луѓето рускиот Водач на народите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Скаменет ја успивам и последната ѕвезда И храбро го напуштам полето: - Може за друг црвенеат цветовите?!
„Камена“ од Анте Поповски (1972)