уште (прил.) - ли (чест.)

- Јани, бре? Уште ли се валкаш со тоа огниште? Еве, на, суварки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Уште ли не си го нацртала мачето?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Уште ли спиете, стари паразити, додека ние работиме? рече момчето со титовка на чело од колоната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Заѕвони телефон, еден од трите негови на масата, па, нели политичар, бизнисмен, ДРОБАЧ, судија, менаџер и што уште ли не.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште ли ќе одиш по водата што ќе ти ја навратат Грците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште ли ќе им работиме на овие Азијати, му вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, Никола, уште ли ќе спиеш? - Ама какво спиење, со мака рекол Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Чекај. Никола Влашки пак легнува. Болен е. - Болен е но не поцрнува. Тој никогаш не бил болен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој пушеше долги пури. Уште ли пуши? Тие му штетат на здравјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си мислам: кокошката е моја, значи и гропчињата се мои. Две веќе имам, уште ли ќе отворам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ох, не! НЕ!“ „Сѐ уште ли сте таму, господине Бартон?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)