уште (прил.) - цврсто (прил.)

Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа што патуваат и излагаат широко, и што прават сѐ да ја приближат нивната слика до најшироката и најбројната публика, стана дел од нивното дело по себе, што е уште поинтригантно поради фактот што тие се сѐ уште цврсто вкоренети во многу специфичен кварт на еден провинциски град како што е Лондон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жилберт&Џорџ, веќе дефинитивно средовечни, креираат Rave-уметност на некултивирана бука!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Ќе ти помогнам... ќе разберам...“ Елена меко ги стави своите раце врз рацете на Марија, која сѐ уште цврсто ја притискаше како давеник својата последна надеж.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)