уште (прил.) - колку (прил.)

Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште колку е потребно да се прекине линијата на разумот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Иако овие информации Рада преку „шпионирањето“ веќе ги знаеше, само не знаеше уште колку е при крај со студирањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Којзнае уште колку Рада ќе размислуваше и ќе зборуваше сама со себе, ако Роска не ѝ ја прекина мислата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секој, освен можеби месечарите, наполно би се изгубил.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Уште колку минути ќе се вратиш, мамо?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште рано изутрина, веќе капнат уморен... А до вечер, уште колку работи... сѐ на нозе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зашто не сум будала само да ’рмбам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но ѕвер, каков ѕвер. Тој со сила сака да добие нешто што не е негово. Еден таков решивме. Уште колку ќе ги има?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не знаеме ни што време е, ни уште колку имаме ние.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постоеле правила што умните по никоја цена не ги погазувале, а таа себеси се сметала дури сто на сто умна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност тоа мерење на далечините, како и времетраењето на пристигањето и оддалечувањата, беше една од моите посакувани игри.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имал пет крави, не знам колку овци, и не знам уште колку ниви, па иако бил вдовец таа пресметала дека само зад таквото богатство можела да смести лулка во која ќе одмарала нејзината сигурност, а нејзе во животот само сигурноста ѝ била важна, ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби неговиот поглед се беше нафатил да измери уште колку чекори му претстојат до нашата куќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште колку, колку пред мене се нижат, ме чинат да летнам, ко сокол да прхнам!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ленче си го брише испотеното чело, зашто кутнала шест стебла и се труди да пресметне уште колку ѝ останале.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Аерозагаденост. За оваа црна точка сред град никој ништо не рече, а кој да знае уште колку црни точки има.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Сега за кој човек сакате, вели за кој човек сакате да знаете уште колку време ќе живее. Конецов се ќе ни каже, вели, огнот се ќе ни каже. - И ние кажуваме имиња од луѓе што ги мразиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам уште колку ноќи, потоа, од сретселото се слушаше кучешко завивање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)