уште (прил.) - време (имн.)

Од тоа уште време побегна Дамјан Груев, којшто беше во бројот на Македонците ученици што поминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше да мине уште време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
VI. Кога почувствува дека почнал да му се кочи и вратот, сфати дека поминало уште време и дека се заборавил пишувајќи и размислувајќи седнат така во една поза, наведнат над папирусот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А тој притворно рече: „Десно нека седи Филозофот мудар; на свое место секој нека дојде, а за мене, по казната, уште времето не е дојдено за почест“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ајде, ајде, ќе те однесам до колибине, ќе те згреам, не е уште време да те плачат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу знаат тие кога ми е време, а кога не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаа уште време пред таа да се најде со Тинето кај саатот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ах! не!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немаше да стигнеш до тука денес ако таа ме беше послушала!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку сум виновен што не те издресирав како што треба! Добога! Што не те издресирав! Кога беше сѐ уште време!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ајде, ајде, ќе те однесам до колибине, ќе те згреам. Не е уште време да те плачат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- До зајдисонце има уште време, - продолжи Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакаше да мине уште време, да не се гиба по нејзините рани, да се чека тие да зараснат, да се смири болката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)