утрото (прил.) - пред (предл.)

Веднаш ја препозна дамата која му беше пристапила утрото пред Ману.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Утрото пред да дојде Камилски, се разбуди рано, кога сите спиеја во семејството, а само Мајка беше полубудна, никогаш во животот не заспа со цела душа, појде тихум кон чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)