утредента (прил.) - рано (прил.)

Утредента рано нѐ разбудија. Во групи, по села, построени, добро знаевме да се постројуваме, се качувавме во воените руски камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утредента рано се оди на работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бидејќи секогаш кога тате од пат ќе се вратеше куќата се полнеше со луѓе, ние обично подарокот го добивме утредента рано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Млад граничар го гледа пасошот и вели: Имаме исти презимиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Утредента рано, Бошко допушти како во сон, пред очи да му го земат телото на саканиот пријател и да го однесат во тукушто изградената џамија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Заминувам утредента рано, со внукот Бујар, кон македонско-албанската граница кај манастирот Свети Наум, топос, толку значаен во семејната историја на двете страни од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)