утре (прил.) - на (предл.)

Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Викторе, чекај ме утре на автобуската станица во Скопје. Доаѓам со „Ниш експрес“ од Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бараат некоја Радица која била примена за наставник во Јабука, да се јави утре на работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе видиш утре на светлост.“ „Златото свети и в мрак.“ „Секако, свети. Ајде, викни ја Јана.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Утре на една софра ќе седнеме, пак... лично би било да си поделиме. Вака де, својски да си се погодиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Четворицата молчешкум потврдно нишнавме со главите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Утре на училиште“, ми рече Влатко и се разделивме пред нашата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„За ова - никому збор! Нели сме мажи?“ рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)