успешно (прил.) - им (зам.)

И покрај тоа што за време на оваа војна на страната на Рим биле Илирите, Дарданците, елинските градови-држави, односно сојузи, првите години Филип В успешно им се спортиставувал на Римјаните и тие не можеле да навлезат во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со својот нештедлив труд, без страв, го градат својот свет кој успешно им се противставува на природните сили, вклопувајќи се во стварноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И покрај тоа што на страната на “службените” вистини стои целиот школски систем?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Феноменот е дотолку поинтересен, затоа што алтернативните науки во голема мера се прекриваат со појавата, која што со други зборови се нарекува “new age” или “нова духовност” и им се пика в нос особено на традиционалните цркви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Револуционери кои станувале владетели во своите земји, нобеловци, славни писатели биле наши пријатели, пријатели на бараните книги кои секогаш успешно им ги наоѓавме коментира Армен Самуелиан, творецот на Источната библиотека, кој беше познат по својот толерантен однос кон книгите од сите режими и од сите источни краишта на светот од Балканот до Блискиот и Далечниот Исток, до Кина и Јапонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На граѓаните им беа потребни нови зборови и некои општи доживувања: бидејќи се тврдеше дека сѐ е заедничко; многумина дури и веруваа дека тоа е вистина; а беше вистински и фактот дека тој успешно им служи на ваквите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во нивните неволни утврдувања на состојбата на нештата повеќепати е можно да се осознае цврстата убеденост и верување во неспорноста на својата предност, што е воедно и мисија на нејзиното потврдување, а од друга страна пак чудење и збунетост при наполу изреченото прашање: Како тоа, тие таканаречените “алтернативни науки” на толку луѓе така успешно им ја окултираат Вистината?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)