успешно (прил.) - го (зам.)

Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најчесто се со селско потекло, а тоа успешно го маскираат преку скупите одела и ауто, но по две три конверзации со нив многу лесно ќе ги откриете дека се работи за тешки ропаци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За разлика од својата официјална историја во 101 книга, каде Никифор Правдољубивиот сето богатство на имагинативниот талент успешно го стави во служба на величање на непобедивоста и безгрешноста на Царството (со што конечно се избори, по десетгодишно темнување, да го пуштат од затвор), во „Тајната историја“ тој е одмазник, кој и инаку гнилата градба на Царството ја нагризува со отровните сведоштва за неминовната дегенерација на некогашните господари на светот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сите три сакавме да сме во центарот на вниманието во град, па заедно успешно го изведувавме тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Она што го беше изгубила за време на бегството успешно го надополни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Упорно ја бараше неколку дена, но таа успешно го избегнуваше, па тој на крајот се откажа од нивната „врска“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Авторот утредента успешно го врати тефтерот уште полесно одошто го зеде, на истиот начин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спротивноста помеѓу убавецот и кампот што ја опишува Њутн се јавува во сиот свој антагонистички сјај во една сцена кон крајот на првиот чин од драмата на Март Кроли од 1968 година, Момците во групата (The Boys in the Band), првиот театарски хит кој беше пресвртница и кој експлицитно и успешно го стави на меѓународна сцена машкиот геј-друштвен живот (како што се живееше во градот Њујорк).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, кампот и убавецот се еднакво неопходни, а обајцата се незаменливи за успешниот машки геј-друштвен живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бургиба успешно го одржуваше франкофонскиот курс на земјата, но негуваше и одлични односи со САД, Германија, неврзаните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата славна партија, која успешно го водеше народот во борбата против фашизмот, лесно ќе се справи и со козите, тие бели ѓаволи, со кои се служи нашиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трговецот со добиток успешно го погоди името „тутун“ и го доби облогот со врагот. Му припадна целата нива со тутун.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По враќањето на свети Ксавиер, него најпосле го истерале со помош на светиот пантаграм.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)