успешно (прил.) - ги (зам.)

Али Фети тоа убаво го насети и продолжи: Ти, синко, успешно ги започна правните студии во Измир, а и работеше со најпознатите адвокати, би било убаво да ги продолжиш на Цариградскиот универзитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, кој изворно го знаеше турскиот јазик, како мајчин, внимателно го слушаше Камилски, како успешно ги изговара турските зборови и како беше проникнал во нивното присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едо успешно ги помина и полициската и царинската контрола на југословенските власти, но штом возот тргна, тој стана од местото и влезе во клозетот каде што го стутка пасошот, го напика длабоко во одводната дупка на клозетската шоља, ја навитка раката со тоалетна хартија и го притурна пасошот во дупката па пушти вода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така успешно ги продолжувавме традициите на македонскиот домаќинлак и до уметност ја доведовме филозофијата на живот позната под името Праење на економија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оваа пропаганда преку печатот и радиото, сè до крајот на 1942 година, успешно ги фаворизирала четниците и генералот Дража Михаиловиќ, а ги маргинализирала партизаните како носители на отпорот против нацифашистичките окупатори, кои биле организирани од Комунистичката партија на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај обидите да се прикрие активноста на партизаните во Македонија, сепак имало и такви новински агенции кои известувале за она што навистина се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Римскиот одметник успешно ги надмудрил и победил со своите римски војски, сѐ додека не бил заробен ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашиот организам, и без помагалата на современата наука, доволно успешно ги толкува пораките на природата преку многуте послушници во нашите тела; знаеш колку органи се ангажирани со такви задачи; (еден вид резонатори, нели?); а потоа, тука е душата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помисливме дека завеса од ниски облаци се спуштила над Париз, но не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)